Фудбал

Помошните фудбалски терени во Струмица добија ново осветлување со 16 рефлектори

Сподели
Сподели

Подобрени услови за тренинг и развој на младите фудбалери во Струмица. Помошните фудбалски терени добија ново осветлување со поставување на 16 рефлектори, со што значително се подобруваат условите за работа и тренинг на младинските категории.

На овие терени секојдневно тренираат голем број млади фудбалери од „Беласица“, „Брера Струмица“ и „Тиверија Брера“. Новото осветлување ќе овозможи подобра организација на тренинзите, како и поголема искористеност на спортските капацитети во вечерните термини.

Проектот е реализиран во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, а на настанот присуствуваа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.

Со поставувањето на новото осветлување се потврдува заедничката заложба за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за развој на младите фудбалери во Струмица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши Македонија ЃП и Работнички, каде гостинот со голот на Андреј Кудијан...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска фудбалска лига, совладувајќи ја Речица со неверојатни 17:2 на домашен терен...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска...

Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!