Ракомет

„Одиме во Панчево да дадеме максимум и да победиме“: Талески најави битка за нов триумф!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид утре ќе го одигра третиот натпревар во рамки Регионалната лига, а гостувањето кај Динамо Панчево воедно ќе биде и последниот тест за „гладијаторите“ пред почетокот на новата сезона во македонското првенство. По двете победи на стартот, охриѓани ќе атакуваат на максимален учинок.

Едно од новите засилувања за Охрид во новата сезона, Филип Талески очекува сериозен натпревар на гостински терен, но верува дека Охрид има квалитет да дојде до уште еден триумф. За новото засилување на охриѓани, приоритет е тимот да одигра максимално ангажирано и подготовките да ги заврши без пораз.

„Нè очекува еден гостински натпревар против квалитетна екипа. Одиме во Панчево да дадеме максимум и да победиме. Сакаме да го завршиме подготвителниот период со сите победи пред почетокот на сезоната во македонското првенство.“- изјави Талески.

Охрид досега беше подобар од Војводина и Будванска Ривиера, па со две победи ќе влезе во овој дуел со самодоверба. Натпреварот против Динамо Панчево ќе биде последната проверка на формата пред официјалните обврски во домашното првенство.

„Гладијаторите“ ќе се обидат со уште една победа да стават точка на успешниот подготвителен период и со максимален ефект да го дочекаат почетокот на сезоната.

Натпреварот меѓу Динамо Панчево и Охрид ќе се одигра утре од 18:00 часот во салата „Стрелиште“ во Панчево.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Двајца бисери на ГРК Охрид со репрезентативен повик – Спироски и Трајчески се иднината на клубот!

ГРК Охрид продолжува да потврдува дека во своите младински категории располага со...

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!