Македонската репрезентација до 20 години со пораз го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако убедливо загуби со 1:5 од селекцијата на Мароко до 19 години.
Мароко уште во првата минута дојде до предност преку Хамза Раџи, но Македонија експресно возврати. Во 4. минута, Дарјан Тасев погоди за израмнување на 1:1.
Резултатот остана непроменет до 36. минута, кога Зенеби Талби повторно му донесе предност на Мароко. Во второто полувреме, мароканската селекција целосно го презеде натпреварот и постигна уште три гола.
Мунсеф зголеми на 3:1, а потоа Есади и Гурари погодија за конечни 5:1.
Со овој пораз, Македонија го заврши настапот на Медитеранските игри на последното место во групата, со само еден освоен бод.
МАКЕДОНИЈА – МАРОКО
Стадион: „Џовани Паоло II“, Таранто
Стрелци: 0:1 Хамза Раџи 1`, 1:1 Дарјан Тасев`,1:2 Зинеби Талби 36`, 1:3 Мохамед Мунсеф 58`, 1:4 Карим Есади 78`, 1:5 Абделгафур Гурари 84`
МАКЕДОНИЈА: Стефан Јовановски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Давид Матески (М. Николовски), Харун Незировски (Н. Манојлов), Дарјан Тасев (В. Делов), Давид Голубов (С. Арифи), Андреј Стојановски (Л. Бојаџиев); Селектор: Александар Таневски;