РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 минимално поразена од Украина на развојниот турнир во Струмица

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 15 години претрпе минимален пораз од Украина со 0:1 во третото коло од Развојниот турнир што се одржува во Струмица.

Единствениот гол на натпреварот го постигна украинскиот дефанзивец Данил Росул во 20. минута, што на крајот се покажа како доволно за победа на гостинската селекција.

Нашите млади фудбалери имаа свои можности да стигнат до позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута се најде во одлична позиција, но со глава шутираше над голот. Во 71. минута и Муадини имаше одлична шанса, но неговиот удар под пречката го одбрани украинскиот голман.

За избраниците на селекторот Горан Георгиевски ова беше трет натпревар на турнирот. Претходно Македонија ја совлада Естонија со 1:0, додека против Босна и Херцеговина одигра нерешено 2:2.

МАКЕДОНИЈА до 15 години: Давор Грабуловски, Артан Рамадани (57` К. Арсовски), Стефан Петковски (85` А. Вукељ), Максим Мечкаровски (46` Л. Ристов), Марко Мартиновски (68` О. Елези), Габриел Фударски Митев (68` Н. Јовановиќ), Стефан Шилковски, Стефан Дрндаровски (46` А. Бафтијари), Хари Папиќ (68` В. Грданоски), Џемал Алили (57` А. Симоновски), Аник Исуфи (46` Л. Факиќ);

Стрелец: 0:1 Данил Росул 20`

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд, а ќе се игра во два дена, со три мечеви во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Радовишанката Глорија Тодорова ѝ донесе победа на Македонија против Луксембург!

Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Михаела Наумова од Галактикос со повик од ФФМ за тренинг-кампот за девојчиња до 13 години!

Младата фудбалерка Михаела Наумова од фудбалската академија Галактикос доби повик од Фудбалската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со информација за билетите за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!