Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Мозес Рајт: Да се држиме до советите од селекторот и целта е јасна – да победиме!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Мозес Рајт е новото име во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред важниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена.

Новиот центар на Олимпија Милано пристигна во Скопје со јасна цел – во краткиот период на подготовки да се вклопи во системот на селекторот Хозе Марија Берокал и да му помогне на националниот тим во она што следува.

Рајт веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и го одработи првиот официјален тимски тренинг во „Т Арената“.

Неговото присуство претставува дополнителна опција под обрачите за македонската селекција во пресрет на важниот дуел со Австрија.

Американскиот центар е позитивно изненаден од начинот на кој бил примен во националниот тим. Вели дека атмосферата и односот на соиграчите му овозможиле брзо да се чувствува како дел од екипата.

„Работиме заеднички за средбата која ни следи. Ми се допаѓа тимот и начинот на кој сум прифатен во репрезентацијата, веќе тренирам како да сум Македонец подолго време. Чувството е одлично да се биде дел од овој тим.

Од екипата што ја имаме на располагање го познавам Ненад Димитријевиќ од настапите во Евролигата, но добро тренираме со другите. Имаме уште неколку тренинзи да се запознаеме и воиграме на начинот на кој посакуваме“, вели Рајт.

Новиот член на македонскиот национален тим е свесен дека времето за подготовка е ограничено, но истовремено смета дека токму заедничката работа на тренинзите ќе биде клучна за исполнување на замислите на стручниот штаб.

Во однос на противникот, Рајт очекува сериозна задача во Виена. Австрија направи одредени промени во составот, но според него и понатаму располага со квалитетни кошаркари, особено со млади играчи кои можат да претставуваат сериозна закана.

„Нам ни следи дуел со Австрија, имаат некои измени во ростерот, но постојат млади играчи кои се доста квалитетни. Не би сакал премногу да откривам за нив и планот што ни го презентира нашиот тренер за нивната игра. Потребно е ние да се придржуваме кон советите кои ни ги даде нашиот селектор, со цел да имаме успех“, додава Рајт.

До заминувањето за Виена остануваат уште неколку тренинзи, во кои фокусот ќе биде ставен на деталите, тимската игра и подготовката за противникот.

Целта на Македонија е јасна  да го дочека дуелот на 30 август и во Виена и да се обиде да стигне до резултатот што го посакува.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз ги заврши квалификациите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!