ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион на Австрија, Атлетик Футсал Клуб Грац.

За првиот натпревар од групата А се познати и официјалните лица кои ќе ја делат правдата во „Blue Box“ во Грац.

Главен судија на натпреварот ќе биде Срѓан Михајловиќ од Србија, додека негов прв асистент, односно втор судија, ќе биде Жоао Педро Перејра Синвал од Португалија.

Трет судија е Лаурентиу Илие од Сан Марино, додека функцијата мерач на време ќе ја извршува Даниел Штаубер од Австрија.

За натпреварот е делегиран и контролор е Иван Новак од Хрватска, додека делегат на УЕФА ќе биде Андреа Фарабини од Италија.

  • Службени лица

🇷🇸 Главен судија: Срѓан Михајловиќ

🇵🇹 Втор судија: Жоао Педро Перејра Синвал

🇸🇲 Трет судија: Лаурентиу Илие

🇦🇹 Мерач на време: Даниел Штаубер

🇭🇷 Контролор: Иван Новак

🇮🇹 Делегат на УЕФА: Андреа Фарабини

Вечерва во Грац нè очекува дуел на шампионот на Македонија против шампионот на Австрија, во кој Проект ќе се обиде со добар резултат да го отвори својот европски настап.

  • 📅 Среда, 26 август 2026

🕗 20:00 часот

🏟️ Blue Box, Грац

🇲🇰 Проект – Грац 🇦🇹

  • ЌЕ ИМА И ПРЕНОС ВО ЖИВО!

За сите кои нема да бидат во Грац, натпреварот ќе може да се следи во живо, а линкот за пренос ќе биде споделен еден час пред почетокот на натпреварот.

Спортска Мрежа е во Грац и ексклузивно го следи настапот на македонскиот шампион во Лигата на шампионите!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!