Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги започна завршните подготовки пред важниот дуел со Австрија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката сениорска репрезентација на Македонија вчера ги започна завршните подготовки за претстојниот натпревар против Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена од 16:05 часот.

Селекторот Жозеп Марија Берокал и неговите асистенти ги пречекаа репрезентативците во „Т Арената“ во Скопје, каде што ќе биде реализиран комплетниот подготвителен период пред заминувањето за Австрија.

Програмата во Скопје продолжува во вторник со два тренинга, од 10:00 и 18:00 часот. Во среда е планирана една тренинг-сесија од 12:00 часот, а дел од денот ќе биде посветен и на видео-анализа и опоравување.

ФОТО: КФМ

Во четврток репрезентативците ќе имаат активности во теретана, видео-анализа и тренинг, додека во петок е планирано заминувањето за Виена. Летот е во 12:35 часот, а по пристигнувањето во австриската престолнина ќе биде одработен и првиот тренинг.

Последната тренинг-сесија пред натпреварот е закажана за сабота од 15:45 часот. Во недела следува главниот предизвик и дуелот со Австрија, кој започнува во 16:05 часот.

На денот на натпреварот програмата предвидува утринска активација, видео-анализа и последни тактички подготовки пред заминувањето кон арената.

Македонија ја очекува важен натпревар во втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029, па престојот во Скопје ќе биде искористен за максимална подготовка пред гостувањето во Виена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Радовишанката Глорија Тодорова ѝ донесе победа на Македонија против Луксембург!

Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Михаела Наумова од Галактикос со повик од ФФМ за тренинг-кампот за девојчиња до 13 години!

Младата фудбалерка Михаела Наумова од фудбалската академија Галактикос доби повик од Фудбалската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со информација за билетите за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!