Димитријевиќ добро го познава противникот, но смета дека македонскиот тим има доволно време за квалитетна подготовка, усогласување на тактиката и добра тимска работа пред гостувањето во Виена. Повратникот во составот верува дека Македонија може подготвена да го дочека важниот дуел.
„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа“, вели Димитријевиќ.
Во разговорот за составот на Македонија, Димитријевиќ се осврна и на новото решение под кошевите. По повредата на Итан Хап, во националниот тим пристигнува Мозес Рајт, со кого Димитријевиќ очекува добро партнерство.
„Претходно под кошевите Итан Хап го имавме како сериозен и квалитетен играч, но несреќа беше неговата повреда, тоа ни беше хендикеп во претходните квалификации со Естонија. Сега го добиваме Мозес Рајт, преквалитетен играч. Се надевам дека ќе бидеме добар тандем и со останатите играчи ќе дојдеме до успех.“ – вели Димитријевиќ.
Повторното враќање во репрезентативниот дрес за Димитријевиќ има и дополнителна тежина. Целта е Македонија да се избори за настап на следното Европско првенство, а искусниот бек не крие дека сака уште еднаш да биде дел од европскиот шампионат со националниот тим.
„Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.“ – заклучи Димитријевиќ.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...
По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...
Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0...
Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа победа од 6:3 против...
Младата фудбалерка Михаела Наумова од фудбалската академија Галактикос доби повик од Фудбалската...
Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...