Трета лигаФудбал

Големо Коњари со три победи на подготовките, Зоран Даноски нов тренер на ланскиот второлигаш

Сподели
Сподели

Ланскиот второлигаш Големо Коњари одлично го започна подготвителниот период за новата сезона, забележувајќи три победи во исто толку одиграни пријателски натпревари.

Екипата најпрво со убедливи 5:0 го совлада Мало Коњари, а во вториот меѓусебен дуел повторно беше подобра, овојпат со 3:1. Во третиот контролен натпревар Големо Коњари одигра уште еден одличен меч и со 5:1 славеше против Напредок од Ношпал.

Резултатите од подготовките се најава дека Големо Коњари и во новата сезона во Трета лига регион 5 сака да има сериозна улога. Според информациите на Спортска Мрежа, ростерот од минатата сезона е во најголем дел сочуван, а дополнително е засилен со неколку млади фудбалери од Победа. Новите имиња во составот ќе бидат ексклузивно објавени од Спортска Мрежа во наредниот период.

Но, промената на клупата е една од најзначајните новости во клубот.

Спортска Мрежа ексклузивно дознава дека искусниот фудбалер Зоран Даноски ќе биде нов тренер на Големо Коњари, откако досегашниот предводник Стојанче Дунимаглоски се раздели со екипата.

Даноски во новата сезона ќе има задача своето големо фудбалско искуство и знаење да им го пренесе на младите фудбалери, кои со него ќе имаат можност да учат од искусен играч и човек кој добро ги познава фудбалските предизвици.

Даноски зад себе има исклучително богата домашна но и интернационална кариера. Во Македонија настапуваше за Металург, Кожуф, Победа, Тиквеш, Брегалница, додека пак во странство беше дел од неколку екипи во Чешка, потоа настапуваше во Интер Запресиќ во Хрватска, во Србија беше дел од Радник, Пролетер, Младост, Нови Пазар, во Босна и Херцеговина го носеше дресот на Звијезда.

Големо Коњари минатата сезона покажа и докажа дека фудбалот сè уште може да се игра со љубов и срце, без финансиите да бидат прв услов за фудбалерите, управата и сите останати кои се дел од клубот. Токму таа енергија и ентузијазам беа едно од обележјата на клубот во изминатата сезона.

Сега, со сочуван костур, неколку млади засилувања и нов тренер во името на Зоран Даноски, Големо Коњари влегува во новата сезона со дополнителна мотивација.

Три натпревари – три победи, а на клупата ново име. Големо Коњари ја најавува новата сезона со амбиција, младост и искуство.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!