ФудбалЧетврта лига

ФК Готен се подготвува за новата сезона – клубот од Подареш се реактивира

Сподели
Сподели

По неколку години пауза на фудбалската карта на Македонија одново ќе дејствува ФК Готен, клуб од Подареш, радовишко село, поранешна општина.

По долги години без никакви активности ФК Готен одново ќе се натпреварува, откако пријави учество за настап во Општинската фудбалска лига во Струмица, во која лига се натпреваруваа екипи од општина Радовиш, општина Струмица, општина Василево, општина Босилово и општина Ново Село.

Клубот веќе ги презема активностите околу санација на фудбалскиот терен во Подареш, се санира оградата, обраснатата трева, уредување на соблекувалните и на самата околу на теренот со цел истиот да биде во функција за тренирање и натпреварување.

Според информациите на Спортска Мрежа клубот веќе успеа да врати неколку фудбалери и се формираше конкурентен ростер со кој Готен сигурно е дека ќе конкурира за висок пласман во ОФЛ Струмица за сезона 2026/2027.

Наскоро Спортска Мрежа ќе реализира спортска емисија од Подареш од каде ќе ја доловиме целосната атмосфера и ќе ги објавиме сите информации во делот на ростерот, плановите и целите.

Пополека се буди интересот за нисколигашкиот фудбал во општина Радовиш, откако минатата сезона се реактивираше Слога од Злеово, сега се реактивира и Готен од Подареш, се враќа пополека сјајот на клубот од општина Радовиш кој повеќе од една деценија беа во целост згаснати.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!