Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија убедлива против Норвешка, јуниорките до првата победа на ЕП

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската женска јуниорска репрезентација стигна до првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во натпреварот од групата за пласман убедливо ја совлада Норвешка со 67:41.

По несреќниот пораз од Азербејџан, нашите кошаркарки влегоа во натпреварот со голема мотивација и желба да покажат дека имаат квалитет за подобри резултати. Тоа го демонстрираа уште од самиот почеток.

Македонија одигра одлично во првите десет минути, особено во одбраната, а со ефикасна игра во нападот направи огромна разлика. По првата четвртина резултатот беше 26:6 во наша корист.

Предноста продолжи да расте и во вториот период. Избраничките на селекторот Виктор Петровски не дозволија пад во играта, па на паузата заминаа со предност од дури 29 поени, односно 40:11.

И во продолжението македонските јуниорки ја задржаа контролата врз натпреварот. По третата четвртина беше 61:28, па последниот период беше само формалност околу конечниот исход.

Селекторот им даде шанса на сите 12 кошаркарки, а секоја од нив успеа да придонесе во убедливиот триумф.

Најдобра поентерка во македонскиот состав беше Ива Колева со 16 поени, а зад своето име запиша и шест асистенции и четири скока.

Македонија утре ќе го одигра последниот натпревар на шампионатот во Тулчеа. Од 9:00 часот противник ќе биде Естонија, а со нова победа нашите јуниорки ќе се обидат да стигнат до што подобар пласман во борбата за позициите од 17. до 20. место.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Сакаме да завршиме како трети во групата, и пред нашата публика да прикажеме брза и атрактивна кошарка

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по големата победа над Швајцарија на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Фантастичен пресврт на кадетите: Македонија од -21 до голема победа над Швајцарија!

Македонските кадети славеа голема победа над Швајцарија со 89:76, иако во еден момент имаа негатива од дури 21 поен. Со фантастично второ полувреме...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Сакаме да завршиме како трети во групата, и пред нашата публика да прикажеме брза и атрактивна кошарка

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по големата победа над Швајцарија...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Со ваква одбрана имаме шанса против Швајцарија и Украина

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!