Прва лигаФудбал

Стојанов: Екипата е подготвена, се надеваме на добра игра и добар резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Брегалница во првото коло претрпе пораз од актуелниот шампион Вардар, но штипјани со прикажаното на теренот оставија позитивен впечаток. Во одредени периоди од натпреварот Брегалница беше и подобар противник, но сепак на крајот остана без бодови.

Сега пред штипскиот тим е нов предизвик и дуелот со Арсими. Натпреварот ќе се игра на домашен терен, во вечерен термин, што се очекува да биде дополнителен мотив за фудбалерите на Брегалница да одиграат уште еден добар натпревар и да стигнат до првите три бода во сезоната.

„Полека се консолидиравме, направивме поконкурентна екипа, се надеваме на добра игра и на првите бодови во новата сезона.. Вечерен термин, добар амбиент. Екипата е подготвена, се надеваме на добра игра и добар резултат. Тоа е победа, да почнеме да освојуваме бодови. Арсими од минатата сезона е прволигаш, респект максимален кон нив, нема да биде лесно никако, мораме да дадеме максимум. Никако нема да не залаже нивниот висок пораз од Тиквеш. После таков пораз ќе дадат се од себе да се вратат, ќе дојдат  тука по бодови, но ние ќе се обидеме да не им го дозволиме тоа“, изјави искусниот  Дарко Стојанов.

Еден од поискусните играчи на штипјани кажа дека против Вардар играта била добра, и покрај тоа што на крајот резултатот не бил посакуваниот.

„Секој пораз не е добар, така и против Вардар. Но, сметамдека со играта не разочаравме со оглед дека подоцна почнавме, не бевме консолидирани со играчи. Меѓутоа како игра и како борба впечатокот не го расипавме, и денеска ќе треба многу повеќе од тоа да освоиме бодови на домашен терен“, рече Стојанов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!