Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Победнички старт на кадетите – Македонија сигурна против Кипар за прва победа на ЕП

Сподели
Сподели

Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Гевгелија и Скопје.

Избраниците на селекторот Дејан Стојановски славеа против Кипар со 68:47, демонстрирајќи квалитетна игра и целосна контрола во најголемиот дел од натпреварот.

Македонија имаше фуриозен почеток и за нешто повеќе од пет минути игра создаде убедлива предност од 22:5, пред сè благодарение на извонредниот шут за три поени, со дури шест реализирани тројки во воведниот период. До крајот на првата четвртина Кипар успеа да ја намали негативата, но нашата селекција сепак ја задржа сигурната предност и по десет минути игра водеше со 28:19.

На стартот на втората четвртина следуваше нов силен налет. Со серија од 6:0 Македонија повторно се одлепи на двоцифрена разлика (34:19), а по тројката на Александар Зунзуровски предноста порасна на 37:21. Во тие моменти Дион Шабани веќе имаше двоцифрен број поени и беше лидер на македонскиот напад. Македонија стигна и до 42:23, но Кипар до паузата успеа делумно да се врати, па на одмор се замина со 45:33.

Кипарците подобро го отворија второто полувреме и се доближија на 39:45, но тогаш следуваше вистинскиот одговор на македонските кадети. Зунзуровски погоди две важни тројки, со кои повторно ја врати двоцифрената предност, а потоа Македонија направи нова серија од 12:2 и практично го реши победникот, поведувајќи со убедливи 67:47.

Во завршницата нашите кошаркари рутински ја сочуваа високата предност и заслужено стигнаа до првата победа на шампионатот.

Најефикасен на натпреварот беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и го заокружи со дабл-дабл ефект – 37 поени и 10 скока.

Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, кој натпреварот го заврши со 23 поени, четири скока и две асистенции. Анѓеловски придонесе со осум поени, седум скока и 10 асистенции.

Македонската репрезентација денес ја очекува нов предизвик. Во рамките на второто коло, нашите кадети од 18:30 часот во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се сретнат со селекцијата на Исланд.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!