ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Шкендија остана без реми во самиот финиш, Хибернијан со минимална предност доаѓа на реваншот во Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели



Македонскиот вицешампион Шкендија ќе има активен резултат пред реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига, откако на гостувањето во Единбург загуби со 2-1 од Хибернијан. Тетовци беа на чекор да се вратат со реми, но шкотскиот состав до победата стигна во судиското продолжение.

Избраниците на Артим Положани одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, особено во првото полувреме кога успешно ги неутрализираа нападите на домаќинот. Хибернијан имаше повеќе посед на топката и иницијатива, но Шкендија организирано се бранеше и не дозволуваше сериозни закани кон својот гол.

Во продолжението домашниот тим го засили притисокот, а отпорот на Шкендија беше скршен во 73. минута. Рајт продре по левата страна и испрати употреблива топка во казнениот простор, каде Елдинг од прва ја затресе мрежата за водство од 1-0.

Македонскиот претставник експресно возврати. Само три минути подоцна, резервистите ја одиграа клучната улога – по одличната асистенција, Марко Ѓорѓиевски уште еднаш покажа дека знае да погодува во важни моменти и донесе израмнување на 1-1, враќајќи ја Шкендија во игра за поволен резултат.

Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши без победник, Хибернијан стигна до триумф. По изведен корнер во судиското продолжение, топката по мешаница во шеснаесетникот стигна до О’Хора, кој од непосредна близина ја испрати во мрежата за конечни 2-1.

И покрај болниот пораз во самиот финиш, Шкендија останува со реални шанси за пласман во плеј-офот. Минималната негатива остава простор за пресврт, а реваншот на арената „Тодор Проески“ ќе биде нова можност тетовци пред својата публика да ја надоместат разликата и да продолжат во европската авантура. Победникот од двомечот ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Гетеборг и Гент.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Општина Конче испиша историја – за првпат доби ракомет: РК Феникс започна ново поглавје со најмладите

Историски ден за спортот во општина Конче. 4 септември 2026 година ќе остане запаметен како денот кога за првпат во историјата на оваа...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Драма во седмото коло: Арсими се врати од 0:2, Тиквеш со гол во финишот до бод против Струга

Возбудливо започна седмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со две средби во кои беа постигнати вкупно осум голови, а ниту еден од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Драма во седмото коло: Арсими се врати од 0:2, Тиквеш со гол во финишот до бод против Струга

Возбудливо започна седмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со две средби...

Младински фудбалТрета лигаФудбал

Поранешниот прволигаш Ренова се откажа од натпреварување во Трета лига, фокусот останува на младите категории

Некогашниот прволигаш Ренова се откажа од натпреварување во Третата македонска фудбалска лига...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со големиот талент Антиан Емини

Гевгелискиот второлигаш Кожуф има ново засилување за продолжението од сезоната, откако клубот...

ФудбалЧетврта лига

Пријателски натпревар во Подареш: Готен ќе ја проверува формата против Напредок од Радово

Фудбалскиот клуб Готен од радовишко Подареш од оваа сезона се реактивира и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!