Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Драма во седмото коло: Арсими се врати од 0:2, Тиквеш со гол во финишот до бод против Струга

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Возбудливо започна седмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со две средби во кои беа постигнати вкупно осум голови, а ниту еден од фаворитите не успеа да стигне до победа.

Арсими – Шкендија 2:2

Шкендија пропушти одлична можност да стигне до три бода на гостувањето кај Арсими. Тетовскиот тим имаше предност од 0:2, но домаќинот со голема борбеност успеа да се врати и да освои бод.

Бесарт Ибраими уште еднаш покажа дека искуството е негов силен адут и со прекрасен удар од слободен удар го отвори резултатот. Шкендија продолжи со притисокот, а Малиќи зголеми на 0:2.

Арсими не се предаде и пред паузата намали преку Контрерас, кој ја врати неизвесноста во натпреварот.

Во продолжението Шкендија имаше можности да го реши мечот, особено преку Нзенгуе, но не успеа да реализира. Казната стигна во 80. минута, кога Контрерас по вторпат ја затресе мрежата и донесе големо реми за Арсими – 2:2.

За Шкендија ова е втор натпревар во низа без победа, по поразот од Тиквеш во претходното коло.

Тиквеш – Струга ТЛ 2:2

И во Кавадарци гледачите видоа четири гола и поделба на бодовите. Тиквеш двапати беше во резултатски минус, но на крајот успеа да стигне до реми против фаворизираната Струга ТЛ.

Домашните рано поведоа преку Лусијанињо, кој го постигна својот деби погодок во дресот на Тиквеш. Струга експресно одговори преку Агамах, а пред самиот крај на првиот дел Марјан Радески донесе целосен пресврт за 1:2.



Стружани долго ја чуваа предноста, но Тиквеш не се откажа. Во 87. минута Ренатињо со одлична реакција по нафрлување го совлада Василев и го постави конечниот резултат 2:2.

Со овие две ремија, трката на врвот останува отворена. Шкендија и Струга испуштија по два бода, додека Вардар има можност дополнително да ја намали разликата со победа во својот натпревар против Башкими.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!