Втора лигаФудбал

Беласица и Работнички ќе ја одиграат генералката под рефлектори во Струмица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

В недела со почеток од 19:30 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се одигра интересен пријателски натпревар меѓу поранешните прволигаши Беласица и Работнички.

Овој дуел ќе биде последната контрола, односно генерална проба за двете екипи пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, која стартува на 15 август. Натпреварот ќе биде одлична можност и за двата стручни штаба да ја проверат формата на своите фудбалери и да ги направат последните подготовки пред првенствените предизвици.

Беласица уште еднаш потврдува дека е организиран клуб, а одлуката овој натпревар да се одигра под рефлектори ќе придонесе за вистински фудбалски амбиент и ќе им овозможи на љубителите на фудбалот да проследат квалитетен контролен натпревар во вечерен термин.

Во првото коло од новата второлигашка сезона, струмичани ќе играат на домашен терен против Осогово, додека Работнички, кој минатата сезона испадна од Првата македонска фудбалска лига, првенството ќе го отвори на домашен терен против Кожуф.



Се очекува дуелот во Струмица да понуди добра проверка за двата амбициозни второлигаши, кои со високи амбиции влегуваат во новата сезона и ќе сакаат со позитивен резултат да ги заокружат подготовките пред стартот на шампионатот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!