Ракомет

ФОТО: Салата „Млаз“ во Богданци има нов режим на влез – ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Сподели
Сподели



Младост в сабота го игра првиот домашен меч во Супер лигата против Прилеп, а салата „Млаз“ се очекува да биде исполнета до последното седиште и атмосферата да биде повеќе од „пеколна“.

Спортска Мрежа веќе пишуваше за трите клучни причини поради кои треба да бидете во салата и да го следите натпреварот меѓу Младост и Прилеп.

Три причини зошто во сабота треба да бидете во салата „Млаз“ во Богданци

Сепак, за сите оние кои ќе сакаат да го следат во живо натпреварот, клубот информираше за новиот режим за влез во салата.

За сите оние кои имаат сезонска и дневна карта, во сала ќе можат да влезат само од главен влез односно северна страна на салата. Сите оние кои имаат ВИП карта во сала ќе можат да влезат само преку службен влез 2, кој е лоциран на западна страна од сала.

Дополнително од клубот информираат дека строго ќе биде забрането внесување секаков вид на пијалоци во шишиња, лименки, и метални предмети, и истите при контрола на обезбедувањето ќе бидат одземени. Во салата во лоби просторот ќе има отворен шанк, за точење на освежителен пијалок во чаша.

Од клубот апелираат сите да се водат според протоколот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!