Прва лигаФудбал

УЕФА ги објави европските премии: Вардар инкасира 960.000 евра, Силекс добива 325.000, Шкендија продолжува да заработува

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели



Иако Вардар и Силекс ги завршија своите настапи на европската сцена, двата македонски клуба ќе добијат значителни финансиски средства од УЕФА како дел од солидарната програма за клубовите кои беа елиминирани во квалификациите за европските натпреварувања.

Според распределбата на Европската фудбалска асоцијација, вкупно 75 клубови од 35 земји ќе поделат 40,635 милиони евра, а средствата се распределени во четири категории, зависно од фазата во која клубовите настапиле и биле елиминирани.

Македонскиот шампион Вардар се најде во највисоката категорија и ќе добие 960.000 евра, благодарение на настапите во квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига, како и бонусот што следува за национален шампион. На истата листа, покрај „црвено-црните“, се наоѓаат уште Атерт Бисен, Флоријана, Петрокуб, Сутјеска и Њу Сејнтс.

ФОТО: ФК Вардар АД

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, кој беше елиминиран од Динамо Минск, ќе инкасира 325.000 евра, сума предвидена за клубовите што го завршиле европскиот настап уште во првото квалификациско коло.

УЕФА ги подели финансиските средства во четири категории:

  • 960.000 евра – за национални шампиони кои настапиле во две квалификациски кола (со шампионски бонус);
  • 700.000 евра – за клубови кои одиграле две квалификациски кола;
  • 525.000 евра – за екипи што се приклучиле од второто квалификациско коло;
  • 325.000 евра – за клубови елиминирани во првото квалификациско коло.

Македонскиот фудбал и понатаму има свој претставник во Европа. Шкендија остана единствениот клуб што продолжува на меѓународната сцена, откако преку пресврт го елиминира словенечки Браво и обезбеди место во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовци веќе имаат обезбедено најмалку 700.000 евра, а со евентуален нов успех против шкотски Хибернијан, европската заработка дополнително ќе се зголеми.



Солидарните исплати на УЕФА претставуваат значајна финансиска поддршка за клубовите кои не успеале да обезбедат пласман во групната фаза, овозможувајќи им дополнителни средства за развој и функционирање во текот на сезоната.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Кожув, Работнички и Тиквеш Голден Игл со победи ја отворија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Талевска обезбеди бод за Пелистер во мечот со Скопје, Димитровска со два гола за победа на Саса, Вардар ја „здроби“ Речица

Пелистер „откина“ бодови во дуелот во Пржино со шампионот Скопје, откако двете екипи одиграа 1:1 во меч од 8. коло на Првата женска...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец убедлив против Млекар, Вардар Неготино и Борец ремизираа на „Цвај арената“, нема победник во Крушево

Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на...

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!