Вечерва беа одиграни полуфиналните натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“ во штипската населба Чардаклија.
Во првиот полуфинален меч Перо и Тајфата преку пенал рулетот го совлада Украс ИНК и закажа финале. Во регуларниот дел резултатот беше 4:4, а во пенал серијата резултатот беше 2:3 во полза на тимот на Перо и Тајфата.
Екипата на Компанија Атанасовски со убедливи 4:1 го декласираше КМФ Кратово и закажа финале против Перо и Тајфата.
Утре е слободен ден на турнирот, а програмата за последниот дел (2 август) од овогодинешното издание на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2026“ во штипска Чардаклија започнува во 20:30 часот со мечот за трето место меѓу Украс ИНК против КФМ Кратово.

Веднаш по мечот мала церемонија – полагање на цвеќе на бистата и оддавање почит кон ликот и делото на Влатко Петров.
Во 22:00 часот започнува големото финале меѓу Компанија Атанасовски и Перо и Тајфата.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан кој има меморијален карактер, а нашата соработка започна уште во 2022 година.