Турнири

ФОТО: Благица & Китчен е победник на „Малеш Куп 2026“ во Берово

Сподели
Сподели

Екипата на Благица & Китчен е победник на овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп 2026“ во Берово, откако во големото финале славеше над тимот на Паб Монополо Делчево во пенал серијата, откако во регуларниот дел беше 3:3.

Во пенал серијата Благица & Китчен триумфираше со 3:1 и со тоа го освои „Малеш Куп 2026“, а тимот на Паб Монополо Делчево заврши на второто место.

Во мечот за трето место Еклектик со 4:7 славеше над М Младост.

Спортска Мрежа и годинава беше медиумски покровител, соработка започната уште од првото издание на „Малеш Куп 2026“ од 2022 година.

Турнирот заврши успешно, организацијата беше на врвно ниво, а Берово уште еднаш се покажа дека е одличен домаќин како и во изминатите години. Публиката секоја вечер следеше атрактивни натпревари, атрактивни погодоци, неизвесни дуели, шанси и порази, а на крајот тука беше добрата скара, ладното пиво и одличната забава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!