Турнири

Украс ИНК со победа од пет гола, КМФ Кратово се извлече на пенали, уште две високи победи во Чардаклија

Сподели
Сподели

Вечерва се дознаа противниците за полуфиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“ каде тимот на Украс ИНК со убедливи 5:1 го декласираше тимот на Благица & Китчен.

Вториот меч беше доста возбудлив каде во регуларниот дел Тобис Агро и КМФ Кратово одиграа 6:6, а во пенал серијата тимот на Кратово се извлече на пенали со резултат од 0:2.

Во третиот и четвртиот меч беа постигнати високи победи. Техногума Мела ренг доживеа тежок пораз откако загуби од Компанија Атанасовски со 1:8, а пак Перо и Тајфата со 4:8 го исфрли тимот на Каров Шпед Шкорпиони.

Утре ќе се играат полуфиналните мечеви, а место обезбедија Украс ИНК, КМФ Кратово, Компанија Атанасовски и тимот на Перо и Тајфата.

20:00 Украс Инк – Перо и Tајфата

22:00 Компанија Атанасови – КМФ Кратово

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, а нашата соработка е воспоставена уште од 2022 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Алиоски пред дуелот со Швајцарија во септември: Тие се фаворити, но можеме да ги изненадиме!

Во ексклузивно интервју за Open-TV, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски изјави дека верува оти македонската репрезентација има квалитет да ѝ се спротивстави на Швајцарија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера подобра на тестот со Истатов во Дојран

На новиот терен со вештачка трева во рамки на спортскиот комплекс „Истатов“ во Дојран се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашите Истатов и Тиверија...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Благица & Китчен против Паб Монополо во големото финале на „Малеш Куп 2026“ во Берово

Утре се игра големото финале на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп...

Турнири

Фреигхт Оне пресилен, Вергови мораше преку пенали, Вила Клепало победи за четвртфинале на „Ораовица 2026“

Вечерва беа одиграни нови возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Ораовица...

Турнири

ФОТО: Моќно издание на Стиф Компани – „лалињата“ ги фати „летен мраз“, Црна Река со „петарда“ на „Ораовица 2026“

Осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ тргна доста ефикасно, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!