Турнири

ФОТО: Благица & Китчен против Паб Монополо во големото финале на „Малеш Куп 2026“ во Берово

Сподели
Сподели

Утре се игра големото финале на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп 2026“ во Берово откако вечерва беа одиграни полуфинални двојки со што беа познати патниците во финалето.

Тимот на Благица & Китчен со 0:2 славеше над Еклектик со што се чекираше во големото финале, а пак Паб Монополо со неверојатни 1:5 го декласираше тимот на М Младост.

Утре сите патишта ќе водат кон Берово се игра големото финале и мечот за трето место, последен ден од овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп 2026“.

Од 20 часот ќе се игра мечот за трето место каде М Младост ќе го предизвикува Еклектик, додека пак од 21 часот се игра големото финале каде „ќе се скршат копја“ меѓу Благица & Китчен и Паб Монополо.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортска настан уште од првото издание во 2022 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!