Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера подобра на тестот со Истатов во Дојран

Сподели
Сподели



На новиот терен со вештачка трева во рамки на спортскиот комплекс „Истатов“ во Дојран се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашите Истатов и Тиверија Брера каде тимот од Струмица беше подобар со резултат од 3:5.

Резултатот беше во втор план, а ова беше можност да проверат и едните и другите како им оди подигањето на формата, дали и како би требало да се корегираат во ростерот односно да се добие првата јасна слика за тимот за новата сезона која стартува на 23 август.

За Истатов двоен стрелец беше Елма Шемовиќ, а стрелец на првиот гол беше Андреа Колоска, која погоди во 3. минута од средбата за отварање на резултатот во Дојран. За тимот на Тиверија Брера двоен стрелец беше Теона Галабовска, едниот гол беше од белата точка, а по еднаш погодија Билјана Панеска, Ивана Илиева и Розита Пецева.

Воедно, овој контролен меч беше премиерен на новиот терен со вештачка трева при СЦ „Истатов“ во Дојран, со што им се нуди одлична можност за сите екипи кои би доаѓале на подготовки во Дојран, односно за одигрување на пријателски натпревари.

Инаку, ова беше прв контролен меч и за двете екипи, кои уште еднаш меѓусебно ќе се тестираат во Струмица на 9 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!