Турнири

ФОТО: Моќно издание на Стиф Компани – „лалињата“ ги фати „летен мраз“, Црна Река со „петарда“ на „Ораовица 2026“

Сподели
Сподели

Осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ тргна доста ефикасно, откако вечерва на четири натпревари беа постигнати голем број на погодоци.

ФАФА Транспорт воопшто не се намачи и со 6:1 го декласираше тимот на Серта Конче за пласман во следната фаза, а потоа Црна Река со „петарда“ го „разнесе“ тимот на Интерпласт славејќи со 5:0.

Следуваше уште една сигурна победа овој пат од 3:0 откако тимот на Леон Транспорт го доби Оливер Промет, а пак играчите на Стиф Компани воопшто и не се испотија за пласман во четвртфиналето откако со 6:1 покажаа моќ за славје над Даниел Инженеринг, со што „лалињата“ ги фати „летен мраз“.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Алиоски пред дуелот со Швајцарија во септември: Тие се фаворити, но можеме да ги изненадиме!

Во ексклузивно интервју за Open-TV, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски изјави дека верува оти македонската репрезентација има квалитет да ѝ се спротивстави на Швајцарија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера подобра на тестот со Истатов во Дојран

На новиот терен со вештачка трева во рамки на спортскиот комплекс „Истатов“ во Дојран се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашите Истатов и Тиверија...

Поврзани написи
Турнири

Украс ИНК со победа од пет гола, КМФ Кратово се извлече на пенали, уште две високи победи во Чардаклија

Вечерва се дознаа противниците за полуфиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал...

Турнири

ФОТО: Благица & Китчен против Паб Монополо во големото финале на „Малеш Куп 2026“ во Берово

Утре се игра големото финале на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп...

Турнири

Фреигхт Оне пресилен, Вергови мораше преку пенали, Вила Клепало победи за четвртфинале на „Ораовица 2026“

Вечерва беа одиграни нови возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Ораовица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!