Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје
Сподели

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски шампион.

Соработката е насочена кон поддршка на македонскиот спорт и промоција на вредностите што ги поврзуваат спортот и бизнисот – посветеноста, дисциплината, тимскиот дух и стремежот кон врвни резултати.

Партнерството меѓу МЗТ Скопје Аеродром и АЛТА банка беше официјализирано на денешната прес-конференција во СЦ „Јане Сандански“, во присуство на раководството на клубот и претставници на банката.

„Со АЛТА банка во нашето семејство добиваме сериозна компанија, подготвена да ги следи амбициите на клубот не само оваа сезона, туку и на среден и долг рок. Веруваме дека заедно ќе ги градиме успесите на домашен и регионален план, а оваа сезона и на европската сцена преку настапите во ФИБА натпреварувањата. – вели Никола Трајчевски, претседател на Бордот на директори на МЗТ Скопје.
Со новата соработка, двете страни испраќаат порака за заедничка поддршка на развојот и промоцијата на македонскиот спорт.
„Задоволство е да се соработува со клуб со ваква традиција и силен идентитет. Како банка која расте, сакаме да бидеме активен дел од заедницата. Нашата желба е ова да не биде само класично спонзорство, туку активно и динамично партнерство преку кое заеднички ќе создаваме дополнителна вредност за клубот, навивачите и заедницата. –  изјави Стефан Николиќ, член на Управниот одбор на АЛТА банка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!