Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби австрискиот Келаг Ферлах.

Европскиот двомеч ќе започне во Македонија, каде Алкалоид ќе биде домаќин на првата средба на 17 или 18 октомври. Одлуката за патникот во следната фаза ќе биде донесена една недела подоцна, на 24 или 25 октомври, кога македонскиот тим ќе гостува во Австрија.

Алкалоид во оваа сезона влегува како еден од поранешните освојувачи на трофејот. Тимот од Автокоманда стигна до европската круна во сезоната 2024/25, кога во финалето го совлада АЕК Атина. Првиот натпревар во Атина заврши со победа на Алкалоид од 29-25, додека реваншот во Скопје не се одигра, по што ЕХФ ја додели титулата на македонскиот состав.

ФОТО: РК Алкалоид

Тој успех донесе историја и за нашиот најдобар ракометар- Кирил Лазаров, кој со Алкалоид стана првиот македонски тренер со освоена европска клупска титула.

ФОТО: РК Алкалоид

Сега европската приказна продолжува со нов предизвик. Првата пречка за Алкалоид во обидот повторно да стигне далеку во Европскиот куп ќе биде австрискиот Келаг Ферлах.

ФОТО: РК Алкалоид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!