Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Сподели
Сподели



Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров 2 и Спартак, откако двете екипи ремизираа играјќи 23:23.

„Лавиците“ постојано имаа предност во текот на мечот која на полувреме беше највисоки плус шест односно 14:9.

Во вториот дел Спартак имаше сили да го израмни резултатот во неколку наврати, но не и за целосен пресврт, а пак Ѓорче Петров 2 одново собра сили и во 54. минута дојде до водство од 23:19.

Во 59:40 минута Спартак побара тајм-аут, а потоа на една секунда до крајот Анастасија Николовска постигна гол за реми (23:23) и делба на бодовите.

Марија Анчева беше најдобар стрелец на „лавиците“ со шест гола, а по четири постигнаа Славица Мркиќ Стојанов и Марија Димоска, кај Спартак со по пет гола се истакнаа Петра Јерсек, Сара Цветановска и Анастасија Николовска.

Атлетик стигна до дебитантска победа на домашен терен откако со 28:18 убедливо славеше над Деспина. Во текот на целиот меч Атлетик имаше постојано високо водство и не му дозволи на противникот да дојде во ситуација ниту на момент да фати резултатски приклучок.

Анастасија Дамјановска со осум гола беше прво име кај Атлетик, а пак Матеа Христоска беше најдобар стрелец кај Деспина.

Шампионот Ѓорче Петров го декласираше Пелистер со неверојатни 46:13, во меч каде повеќе „лавици“ се истакнаа кога е во прашање реализацијата на погодоци.

Емилијана Ризоска беше прво име со осум гола, а по седум постигнаа Анџела Губериник и Ана Вранциќ.

Кај битолскиот тим прво име со пет гола беше Еџе Сејадин.



Чаир забележа убедлива победа над Вардар со резултат од 23:31. „Вардарки“ парираа само до 20-тата минута, а потоа разликата постојано се зголемуваше и веќе се беше решено.

Ивана Трифуновска со седум гола беше прво име кај Вардар, кај Чаир со осум гола се истакна Михаела Кралева, а по шест гола постигнаа Стефанија Ѓорѓиевска и Ноура Махмоуд.

Во однос на табелата шампионот Ѓорче Петров е на врвот со три од три и максимални шест бодови, Спартак е втор со пет бодови, а пак Чаир со форма од две победи и еден пораз е трет со четири бодови.

Ѓорче Петров 2 го држи четвртото место со три бодови, Вардар и Атлетик го делат петтото место со по два бодови, а пак Деспина и Пелистер имаат по еден бод.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!