Останато

ФОТО: ПК „Три Дисциплини“ доминираше на „Охрид Опен 2026“ – најтрофеен клуб со 41 освоен медал

Сподели
Сподели



Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ оствари извонреден успех на Шестиот меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен 2026“, освојувајќи го признанието за најтрофеен клуб меѓу вкупно 21 клуб, со импресивни 41 освоен медал. Покрај медалите, од клубот истакнаа дека сите нивни пливачи забележале подобрување на личните резултати, што претставува уште една потврда за квалитетната работа и напредокот на натпреварувачите.

Најуспешен настап имаше Јован Кутаноски, кој освои четири златни и две сребрени медали, триумфирајќи на 50 и 100 метри слободно и на 50 и 100 метри делфин, додека беше второпласиран на 50 и 100 метри грбно. За своите одлични настапи заслужено го доби и пехарот за најдобар пливач на митингот.

Одличен настап имаше и Девран Куртис, кој освои вкупно седум медали – четири сребрени и три бронзени, додека Матеј Лазороски се закити со златен, сребрен и две бронзени одличја. Дон Зиба освои две златни и една бронза, а Нарт Домазети стигна до еден златен, еден сребрен и еден бронзен медал.

Во листата на освојувачи на медали се најдоа и Бона Кукунешоска со бронза на 100 метри делфин, Мона Кукунешоска со бронза на 100 метри грбно, Петар Шикоски со бронза на 100 метри слободно, Јана Билетина со едно сребро и три бронзи, Ѓорѓи Цветаноски и Хади Исмаилоски со по една бронза, како и Анастасија Костески, која освои две сребрени одличја.

Особено се истакна и Дарија Магдис, која собра дури седум сребрени медали, потврдувајќи ја својата константност во повеќе дисциплини.

Од ПК „Три Дисциплини“ упатија честитки и до останатите натпреварувачи кои успешно ги бранеа боите на клубот – Керем Куртис, Бисера Кутаноска, Софија Кутаноска, Давид Попоски, Седа Љачка, Лука Цветаноски, Ерен Демирали, Игнатиј Милески, Горјан Шумуликоски, Илина Спироска и Стефанија Кутаноска, истакнувајќи дека сите тие придонеле за успешниот настап на екипата.

По одличниот настап во Охрид, за клубот нема одмор. Веќе утре дел од најдобрите триатлонци на ПК „Три Дисциплини“ ќе настапат на „Триатлон Косово 2026“, каде ќе се обидат да продолжат со успешните резултати и достојно да го претстават клубот и Македонија на меѓународната сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!