Останато

Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица 47&72

Сподели
ФОТО: ОК Струмица
Сподели

ОК Струмица 47&72 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а клубот го потврди враќањето на добро познато име – Филип Маџунков повторно ќе го носи сино-белиот дрес.

Средниот блокер потекнува од Струмица, каде што ги направи своите први одбојкарски чекори, а низ годините изгради богато домашно и интернационално искуство. Во Македонија настапуваше за Вардар и Струмица, додека во странство беше дел од белгискиот Леувен, како и од австрискиот АИЧ, со кој стигна до титулата вицешампион на Австрија.

Маџунков со своите настапи, борбеност и карактер остави трага во клубовите за кои настапуваше, а неговото враќање во Струмица претставува дополнително засилување за тимот во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Од ОК Струмица 47&72 посочуваат дека со враќањето на Маџунков во „сино-белото семејство“ добиваат искусен играч кој добро ги познава клубот и средината, но и одбојкар кој зад себе има значајно искуство од настапите надвор од Македонија.

Навивачите повторно ќе имаат можност да го гледаат Маџунков во дресот на струмичкиот клуб, овојпат со нови амбиции и предизвици во сезоната која следува.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!