Останато

Елена Мицковска избрана во Управниот одбор на Светската федерација за училишен спорт

Сподели
ФОТО: Федерација на училишен спорт
Сподели

Македонскиот спорт доби уште едно големо меѓународно признание. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот одбор на Светската федерација за училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација.

Одлуката беше донесена на првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, каде што беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, кој ќе трае до 2030 година.

На состанокот беше одлучено Елена Мицковска, заедно со Олабиси Џозеф од Нигерија, да бидат претставници на Извршниот одбор во Управниот одбор на ISF – највисокото тело задолжено за стратешкото управување со Светската федерација.

Овој избор претставува историски успех за Македонија, бидејќи за првпат наш претставник ќе биде дел од највисокото раководно тело на Светската федерација за училишен спорт. Воедно, тоа е признание за досегашната работа на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и потврда за нејзиниот углед на меѓународната спортска сцена.

Со конституирањето на Управниот одбор, ISF ја заокружи клучната фаза од воспоставувањето на својата раководна структура за новиот мандат до 2030 година.

Новиот управен одбор е составен од:

  • Претседател: Жељко Танасковиќ
  • Потпретседател: Антонио Хора Фило, Јусеф Белкасими и Лианшуаи Тенг
  • Претставници на Извршен одбор: Елена Мицковска Олабиси Џозеф
  • Генерален секретар: Хаснаех Ел Ајуби

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
Останато

Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица 47&72

ОК Струмица 47&72 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Останато

Претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ доаѓа во Скопје да ги обучува македонските одбојкарски судии

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Судиската комисија...

Останато

ОК Струмица 47&72 го претстави американскиот одбојкар Тајлер Трип

ОК Струмица 47&72 го промовираше своето ново засилување за сезоната 2026/27. Станува...

Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!