Трета лигаФудбал

Илинден гради тим за Втора лига: Промовирани Јашароски, Манасиевски, Чурлинов и Глишиќ

Сподели
Сподели

Третолигашот Илинден дефинитивно е решен за влез во Втората македонска фудбалска лига, за што клубот веќе промовираше четири квалитетни екстра засилувања со што квалитетот во сопствените редови е подигнат значително.

Станува збор за Ален Јашароски, Филип Манасиевски, Кристијан Чурлинов и Дарко Глишиќ, кои веќе ставија потписи на договори со новиот клуб.

34-годишниот Јашароски е искусно име во македонскиот фудбал со над 300 настапи во Првата лига и со над 70 постигнати погодоци, Јашароски ќе биде одлично засилување во нападот на Илинден.

Низ неговата кариера настапуваше за Шкендија Арачиново од каде и пристигна во Илинден, за Силекс, Воска Спорт, Скопје, Ренова, Македонија ЃП, Шкупи, Еуромилк ГЛ, Работнички, Хоризонт Турново и Металург, а во странство настапуваше за Приштина од Косово.

Манасиевски кој има 25 години е биде големо засилување во дефанзивата, а доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица. Низ неговата кариера настапуваше и за Кожуф, Борец, Осогово, и Вардар.



Десниот бек Чурлинов кој има 25 години доаѓа од Каменица Саса, а претходно настапуваше за Шкендија Арачиново, Тетекс, Силекс, Скопје и младинските категории на Работнички, Брегалница и Вардар.

Во дресот на Илинден следната сезона ќе го гледаме и екс репрезентативецот на Македонија, Дарко Глишиќ, кој во својата кариера има настапувано и за клубови од Грузија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Кипар, а 34-годишниот лев бек доаѓа од Скопје во редовите на амбициозниот третолигаш. Настапуваше и за Гостивар, Вардар, Шкупи, Тетекс, кичевски Напредок.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!