Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ

Сподели
Сподели



Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ двајцата во пакет пристигнаа од редовите на третолигашот Победа од Валандово.

Ашовалиев и Миленковиќ минатата сезона беа шампиони со Победа во Трета лига – Исток, но во баражот не успеаја во дресот на „калинкарите“ да триумфираат за пласман во Втора лига.

Ашовалиев кој има 20 години веќе се истакна на пријателската против Новаци кога го постигна единствениот гол за триумф на Кожуф од 1:0 над Новаци. Во неговата кариера настапуваше и за екс второлигашот Вардарски од Богданци, Дојранско Езеро, Беласица, АП Брера Струмица, а за него ова ќе биде враќање во Кожуф бидејќи таму и ја започна кариерата.

Миленковиќ има 19 години, а претходно беше дел од Њу Старс, Беласица, Џокер и Истатов од каде и ја започна кариерата.

Новата сезона Кожуф ја отвара во Скопје каде ќе му гостува на ланскиот прволигаш Работнички.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!