Турнири

Познати групите за јубилејното 10. издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“

Сподели
Сподели



Сѐ е подготвено за стартот на јубилејното 10. издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, откако организаторите ги објавија групите и распоредот за првиот натпреварувачки ден. На овогодинешниот турнир ќе настапат 20 екипи, поделени во четири групи со по пет тима, а и ова лето се очекуваат квалитетни и неизвесни натпревари.

Во Групата А ќе се натпреваруваат Црна Река, Фенербахче, Вила Клепало, Изведен и Оливер Промет.

Групата Б ја сочинуваат Леон Транспорт, Слога Злеово, Трето полувреме, Јаков и Такси ЗЦ и Интер Пласт.

Во Групата Ц се Фреигхт Оне, Ефенџан Мечо, Ал-Макс, Серта Конче и Стиф Компани.

Во Групата Д ќе играат Даниел Инженеринг, Вергови, Фафа Транспорт, Гринс Ресторан и Мена Транс.

Познат е и распоредот за првиот натпреварувачки ден. Утре, четврток (16 јули), ќе бидат одиграни два натпревари, додека свеченото отворање на турнирот е закажано за 20:45 часот.



Први на терен ќе излезат екипите на Оливер Промет и Фенербахче, кои ќе се соочат од 21:00 часот, а еден час подоцна ќе следува дуелот меѓу Стиф Компани и Ефенџан Мечо.

И оваа година Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, па љубителите на малиот фудбал, навивачи и поддржувачи секоја вечер ќе можат да ги следат резултатите од натпреварите, како и атмосферата преку видеа и фотографии од спортскиот спектакл во Ораовица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!