Турнири

Утре стартува Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ – Чардаклија повторно во центарот на малиот фудбал

Сподели
Сподели



Сѐ е подготвено за почетокот на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, кој утре стартува во штипската населба Чардаклија. Турнирот и оваа година ќе ги собере најдобрите екипи, а организаторите повторно најавуваат врвна организација и одлични услови за сите учесници и посетители.

Годинава спортскиот комплекс ќе понуди уште подобри услови за следење на натпреварите. За првпат се поставени трибини покрај теренот, со што љубителите на малиот фудбал ќе можат да уживаат во натпреварите во значително покомфорни услови.

На турнирот ќе настапат 20 екипи, поделени во четири групи со по пет тима.

Во Групата 1 ќе играат Мета Pixels, Камлес Градба, Фаланга Штип, Радање и КМФ Кратово.

Во Групата 2 се Динамо Штип, МАГНА, Мист Пласт, Цоле Транс Коп и Супер Термити од Битола.

Групата 3 ја сочинуваат Украс Инк, Чардаклија Сениори, Техногума-Мела, Шампиони и Перо и Тајфата.

Групата 4 ќе се натпреваруваат No Stop Transport, Tobis Agro, Blagica Kitchen, Каров Шпед – Шкорпиони и Компанија Атанасовски.



Веќе е позната и програмата за првата натпреварувачка вечер, која носи четири интересни пресметки. Турнирот ќе биде отворен во 20:00 часот со дуелот меѓу Каров Шпед – Шкорпиони и Tobis Agro. Во 20:50 часот Tobis Agro повторно ќе излезе на терен против No Stop Transport, од 21:40 часот ќе се сретнат Чардаклија Сениори и Техногума-Мела, а програмата ќе биде заокружена со натпреварот меѓу МАГНА и Мист Пласт, кој започнува во 22:30 часот.



Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ со години важи за еден од најквалитетните турнири во мал фудбал во Македонија, препознатлив по високото организациско ниво, силната конкуренција и одличните услови што им ги обезбедува на екипите.

И оваа година Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, продолжувајќи ја успешната соработка која започна во 2022 година. По петти пат, преку нашите платформи ќе можете да ги следите резултатите, фотографиите, видеата и најинтересните моменти од сите натпреварувачки вечери во Чардаклија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!