Трета лигаФудбал

Амбициозниот Илинден претстави четири засилувања – се гради квалитетен ростер

Сподели
ФОТО: ФК Илинден
Сподели



Амбициозниот Илинден кој гради ростер за влез во Втората македонска фудбалска лига промовираше четири нови засилување – се работи за Давид Ристовски, Кристијан Ристовски, Кристијан Ивановски и Матеј Божиновски.

Давид Ристовски кој има 24 години доаѓа од редовите на БВК Коњаре, се работи за офанзивен играч за врска, а низ неговата кариера беше дел од Осогово, Слога Виница, Кожуф, Кадино, Македонија ЃП и Вардар од каде и ја започна кариерата.

29-годишниот Кристијан Ристовски исто така пристига од БВК Коњаре, станува збор за искусен фудбалер кој игра на позицијата заден играч за врска. Низ кариерата беше дел од Осогово, Слога Виница, Скопје, Кадино, Тетекс, Гостивар и Металург од каде и ја започна кариерата.

Кристијан Ивановски кој има 27 години пристига од Кадино, настапува на крилните позиции, а располага со извонредна брзина, одлична техничка и способност да создава и реализира шанси. Покрај за Кадино, настапуваше и за Куманово, Беса од Добри Дол, Локомотива, Борец и Македонија ЃП.

Во Илинден носи прволигашко и второлигашко искуство, а во сезона 2021/2022 со Македонија ЃП го освои Купот на Македонија.



22-годишниот Матеј Божиновски доаѓа од прволигашот Силекс, се работи за фудбалер кој игра на крилните позиции, а неговите најголеми адути се брзината, одличната реализација и сигурната игра со левата нога. Пред Силекс, настапуваше за Куманово, Јуниор од Доброшане и Куманово Еуроспорт од каде и ја започна кариерата.

Претходно, Илинден се засили со искусниот Дарио Десниќ за што Спортска Мрежа информираше претходно.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!