Ракомет

Еурофарм Пелистер и Алем Хаџиќ се разделија по три успешни сезони

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер официјално потврди дека завршува соработката со младиот босански ракометар Алем Хаџиќ, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на договорот.

Талентираниот централен бек во Битола пристигна во август 2023 година од босанскиот Коњух, како еден од најперспективните млади ракометари во регионот. Во изминатите три сезони остави силен впечаток, пред сè во младинските категории, но доби шанса и во сениорскиот тим на „зелено-белите“.

Хаџиќ беше еден од предводниците на младинскиот состав на Еурофарм Пелистер кој испиша историја со пласманот на завршниот турнир во младинската Лига на шампионите, каде што се истакна како најдобар стрелец на натпреварувањето.

Неговиот талент брзо беше препознаен и во сениорскиот состав, па на само 17 години дебитираше во Лигата на шампионите, каде што успеа да се запише и меѓу стрелците. Во дресот на битолскиот клуб беше дел и од генерацијата која ги освои трите последователни шампионски титули на Македонија во периодот од 2023 до 2025 година.

Од Еурофарм Пелистер му се заблагодарија на Хаџиќ за придонесот во изминатиот период и му посакаа многу успех во продолжението од неговата ракометна кариера.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!