Втора лигаФудбал

БОМБА ВО ОХРИД: Горан Силјановски – Шаро за „рибарите“ – се гради тим за Прва лига!

Сподели
Сподели

ГФК Охрид Лихнидос продолжува да го засилува играчкиот кадар со јасна цел – враќање во Првата македонска фудбалска лига. Ново големо засилување на охридскиот второлигаш е искусниот десен бек и поранешен македонски репрезентативец Горан Силјановски – Шаро.

36-годишниот Силјановски пристигнува од редовите на Брегалница, со која минатата сезона ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди пласман во фудбалската елита. Неговото богато искуство се очекува да биде од големо значење за Охрид, кој ова лето гради сериозен ростер и јасно ги истакнува амбициите за влез во Првата лига.

Силјановски зад себе има импресивна кариера со повеќе од 400 сениорски настапи, од кои над 300 во Првата македонска фудбалска лига. Во текот на кариерата ги носеше дресовите на Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница и Беса, додека интернационална кариера градеше во Албанија, каде настапуваше за Динамо Тирана и Фламуртари. Воедно, тој е и поранешен македонски репрезентативец.



Во својата богата кариера Силјановски има освоено титула шампион на Македонија, како и три трофеи во Купот на Македонија, што го вбројува меѓу најискусните и најтрофејни домашни фудбалери.

Од охридскиот клуб му посакаа топло добредојде:

„Добредојде, Горан Силјановски – Шаро! ГФК Охрид Лихнидос со големо задоволство го претставува нашето најново засилување – искусниот десен бек Горан Силјановски – Шаро. Силјановски зад себе има богата и успешна кариера, со над 400 сениорски настапи, од кои повеќе од 300 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Во својата кариера настапувал за Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница, Беса, како и за албанските Фламуртари и Динамо Тирана. Исто така е поранешен македонски репрезентативец со настапи за сениорската репрезентација. Освојувач е на титулата шампион на Македонија, како и три Купа на Македонија, што го прави едно од најискусните имиња во домашниот фудбал. Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и заеднички победи во сино-белиот дрес.“

Охрид претходно, како што ексклузивно објави Спортска Мрежа, ги обезбеди потписите и на Дамјан Масевски, кој исто така пристигна од Брегалница, како и Валентин Кочоски од Струга Трим Лум. Со ваквите засилувања, охриѓани испраќаат јасна порака дека сезонава ќе атакуваат на пласман во Првата македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мислими: Мора да го заборавиме поразот од Брегалница и да се фокусираме на Башкими!

Поразот од Брегалница во последните моменти од натпреварот остави горчлив вкус во...

Прва лигаФудбал

Саити: Дојде моментот Башкими да се врати на победите!

Кумановскиот прволигаш Башкими се наоѓа во резултатска криза, откако на последните три...

Прва лигаФудбал

Шкемби: Не очекува тежок натпревар, но сакаме три бода!

Тренерот на Струга Трим Лум, Бледи Шкемби, го најави претстојното дерби против...

Прва лигаФудбал

Јанкулов: Атмосферата е одлична, одиме на три бода против Струга!

Актуелниот шампион Вардар денеска на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!