Турнири

ВИДЕО: АСП Пак преку пенали до полуфинале, Златар Бени Ерол лесно помина против Чардак Велгошти

Сподели
Сподели

Првите екипи кои обезбедија полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта се АСП Пак и Златара Бени Ерол.

Екипата на АСП Пак по потешкиот пат стигна до полуфиналето, откако во регуларниот дел против Аце Најдески одигра 0:0, па мораше пенал рулетот да решава.

Во пенал серијата за АСП Пак погодија Никола Угриноски, Кипријан Петрески, Мишо Ѓорѓиески и Дејан Милошески, додека пак за Аце Најдески од белата точка успешно погодија Кире Чорбе, Никола Миткоски и Даниел Сотироски за конечни 4:3 преку пенал серијата и пласман на АСП Пак во полуфинале.

Екипата на Златара Бени Ерол имаше лесна задача откако со 3:1 славеше над Чардак Велгошти и лесно обезбеди пласман во големото полуфинале.

Победата беше најавена уште во првите десет минути игра, кога Сундим Фејза постигна гол за рано отварање на водството, а во 10. минута Нагиб Ахмедоски постигна гол за двојна предност на полувреме.



Во вториот дел Чардак Велгошти ја преполови негативата на 2:1 преку гол на Христијан Спироски во 33. минута, но во самиот финиш стигна печат на победата преку втор гол на Ахмедоски за конечни 3:1.



Утре од 21 часот ќе се соочат Хотел и Спа Инекс Олгица против Охридски Бисер Филеви, а пак од 22 часот на мегдан ќе одат Сатеска и Др. Баткоски.

Победниците од овие натпревари ќе им се приклучат на АСП Пак и Златара Бени Ерол во полуфиналето.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој го има своето 51. издание и претставува пример за одлична организација, пример за фер-плеј, пример како треба да изгледа еден организиран турнир.







Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!