Втора лигаФудбал

Пелистер ја задржа својата база – Грозданоски, Стојановски и Крстевски остануваат во Битола

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели



Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а најновите потврдени потези се продолжувањето на соработката со тројца фудбалери кои и понатаму ќе го носат зелено-белиот дрес.

Искусниот Христијан Грозданоски останува дел од битолскиот клуб и во наредниот период, носејќи дополнителна сигурност и искуство во составот. Од Пелистер истакнуваат дека неговиот квалитет, професионален однос и долгогодишно искуство ќе имаат значајна улога во остварувањето на клупските амбиции.

Покрај него, нови договори потпишаа и младите Христијан Стојановски и Габриел Крстевски. Двајцата веќе имаат настапи за првиот тим и со своите игри покажаа дека клубот сериозно смета на нив како дел од иднината на Пелистер.

Во битолскиот клуб продолжуваат со концептот на спојување на искусни и млади фудбалери, со цел да изградат стабилен и конкурентен тим кој ќе биде подготвен за предизвиците што ги носи новата сезона.

Раководството и стручниот штаб и понатаму интензивно работат на комплетирањето на играчкиот кадар, а од Пелистер најавуваат дека во наредниот период ќе следуваат и нови информации околу засилувањата и составот за сезоната што претстои.

Целта на Пелистер ќе биде експресно враќање во Прва лига, а новата сезона ќе биде отворена во Битола против дебитантот Камјани на 15 август.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!