По натпреварот со Луксембург, Берокал го сподели своето видување за одиграното, нагласувајќи дека неговите кошаркари одиграле одлично во првото полувреме, додека падот во вториот дел бил очекуван поради ограничениот број на играчи во ротацијата.
„Натпреварот имаше две различни лица. Во првото полувреме, кога имавме повеќе можности за ротација, игравме многу добро. Добро ја движевме топката, ја делевме одговорноста во нападот и одигравме квалитетна кошарка. Во второто полувреме беше очекувано Луксембург да реагира пред својата публика. Направија одредени тактички промени, а ние со скратената ротација почнавме да чувствуваме замор кај дел од играчите. Сепак, најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и на крајот заслужено победивме. Таквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот“, изјави Берокал.
Селекторот нагласи дека и покрај одредени недостатоци во ростерот, сите играчи максимално го дале својот придонес за тимот.
„Ни недостигаа неколку важни играчи, особено на бековските и центарските позиции, но секогаш мораме да се фокусираме на оние што ги имаме на располагање. Играчите кои настапија одговорија на задачите и тоа е најважно.“
„Вакви победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот“ – потенцира селекторот на Македонија по победата над Луксембург.