Останато

Златен медал за каратистот Марко Џорлев на Светската младинска лига во Хрватска

Сподели
Сподели



Младиот каратист Марко Џорлев го освои златниот медал на Светската младинска карате лига во Пореч, Хрватска, во конкуренција на кадети до 63 килограми, со што го запиша најголемиот успех во својата кариера.

На патот до светската титула, Џорлев имаше речиси беспрекорен настап во силна конкуренција, каде најпрво се соочи со Педро Мораиш од Португалија и славеше со 2-0, по што следуваше доминантна победа над Дањел Нешковиќ од Германија со 7-0. Во третата борба повторно беше убедлив, совладувајќи го Рене Пирчак од Словачка со 3-0, додека во следната фаза против Марко Савиќ од Србија стигна до триумф од 2-0.

Во полуфиналниот дуел, каратистот на КК Штип го продолжи победничкиот ритам против Гаетано Сортинауло од Италија, кого го совлада со 6-4 во еден од најнеизвесните мечеви на турнирот.

Во големото финале, Џорлев се соочи со Украинецот Иван Маценко и по голема борба успеа да слави со минимални 4-3, со што го потврди златниот медал и го заокружи турнирот без пораз.

Овој успех доаѓа во исклучително силна конкуренција од 2720 каратисти од 69 држави, што уште повеќе ја зголемува тежината на постигнатиот резултат и ја потврдува големата перспектива на големата карате надеж на Македонија.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!