Останати репрезентацииРепрезентација

Ивановски: Целта е исполнета, Македонија се врати во Втората Светска група

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тениска репрезентација втора година по ред обезбеди пласман во Втората Светска група од Дејвис купот. На турнирот во Кишињев, нашите тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот натпревар ја совладаа Црна Гора со 2:1.

Во групната фаза Македонија претрпе пораз од домаќинот Молдавија, но оствари значајни победи над Косово и првиот носител Грузија.

На вчерашната прес-конференција, претседателот на Тениската федерација на Македонија, Александар Ивановски, истакна дека главната цел била исполнета.

„Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, што и беше нашата примарна цел во Молдавија. Можам да кажам дека настапот беше успешен. Работиме на создавање тим составен од искусни и млади играчи, а најважно е да постои вистинска хемија во репрезентацијата. Се надевам дека подолго ќе останеме во оваа конкуренција и ќе го направиме следниот чекор кон Првата Светска група“, изјави Ивановски.

Тој посебно го пофали Калин Ивановски, кој по серијата повреди и операција успеа да се врати во препознатливата форма.

„Калин се надмина себеси. Минатата година играше повреден, а оваа ги доби сите свои сингл натпревари и покажа дека се враќа на нивото од 2023 година“, рече претседателот на федерацијата.

Пофалби доби и Олег Приходко, кој годинава настапува за Македонија.

„Олег даде максимум. Станува збор за тенисер кој е околу 300-тото место на АТП-листата и има титула од Челинџер турнир. Во првиот меч против Албот играше одлично, но грчевите го спречија да го заврши натпреварот на посакуваниот начин“, додаде Ивановски.

Селекторот Горан Шевченко нагласи дека репрезентацијата продолжува да гради тим кој ќе биде пример за идните генерации.

„Втора година по ред успеваме да избориме промоција во Втората Светска група. Целта е да создадеме силен колектив во кој секој ќе го дава максимумот за државниот дрес. Особено сум задоволен од играта на дублот Калин Ивановски и Олег Приходко, кои покажаа вистински борбен дух и ни ја донесоа решавачката победа“, истакна Шевченко.

Македонската репрезентација својот противник во Втората Светска група за натпреварите што ќе се играат во февруари 2027 година ќе го дознае на жрепката која е закажана за октомври годинава.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на погодоци, но и промена на табелата. Ланскиот суперлигаш Радовиш забележа убедлива...

Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони, а прв предизвик ќе биде првакот на Холандија, Орион Старс. Крушевскиот...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!