Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување во европската одбојка. Штипјани ги очекува сериозен предизвик на гостински терен, каде што ќе се соочат со холандскиот првак Орион Старс.

Натпреварот ќе се одигра во салата „SaZa Topsporthal“ во Дутинхем, со почеток во 20:00 часот. За македонскиот претставник ова ќе биде ново поглавје во клупската историја и можност да се претстави на највисокото европско ниво.

Екипата од Штип зад себе има исклучително успешен период. Минатата сезона, под водство на младиот стратег Кристијан Ристески, Штип УГД ја освои двојната круна, стигнувајќи до првата шампионска титула во клупската историја, а воедно го освои и Купот на Македонија третпат по ред.

Добриот ритам продолжи и во новата сезона, која штипјани ја започнаа на најдобар можен начин – со освојување на Суперкупот во Тетово. Со тоа, македонскиот шампион уште еднаш ги потврди своите амбиции и подготвеноста за нови предизвици.



Откако минатата сезона за првпат настапи на европската сцена, Штип УГД сега прави уште еден значаен чекор напред со дебито во Лигата на шампионите. Првиот противник ќе биде Орион Старс, холандскиот шампион, против кого штипјани ќе се обидат да остават добар впечаток и достојно да го претстават македонскиот клупски одбојкарски спорт.

За Штип УГД, ова е можност да го круниса успешниот период со настап на најголемата европска клупска сцена и да го започне новиот предизвик со амбиција за достојно претставување на Македонија.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!