Останати репрезентацииОстанато

Ѓоко Динески: Целта е пласман на Светското јуниорско и Светското сениорско првенство

Сподели
Сподели

Македонската биатлон репрезентација ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Во моментов нашите биатлонци се на подготовки во Банско, Бугарија, каде што работат на подигнување на формата пред настапите на летните регионални и балкански купови.

Во текот на август и септември македонските репрезентативци ќе настапат на натпревари во Банско (Бугарија), Делнице (Хрватска), Сјеница (Србија) и Ќелеградиште (Романија). Овие натпреварувања ќе имаат дополнително значење, бидејќи за првпат ќе бидат квалификациски за повисок ранг на натпревари под покровителство на Меѓународната биатлон унија (ИБУ).

Добрите резултати на регионалните купови ќе им овозможат на натпреварувачите пласман на престижни натпреварувања како што се ИБУ Јуниор Куповите, ИБУ Купот, како и Европските и Светските првенства во биатлон.

Во меѓувреме, Биатлон федерацијата на Македонија неодамна го одржа своето редовно изборно собрание, на кое делегатите едногласно му ја дадоа довербата на досегашниот претседател Кочо Кираца за нов четиригодишен мандат. Реизборот на Кираца претставува потврда за досегашната работа на федерацијата и продолжување на стратегијата за развој на биатлонот, со посебен акцент на младинските категории, меѓународните настапи и промоцијата на овој олимписки спорт низ Македонија.

Покрај сениорските и јуниорските категории, Биатлон федерацијата посветува големо внимание и на развојот на младите натпреварувачи. За детските категории се обезбедени соодветни подготовки и програма за настап на балканските детски натпревари, кои ќе се одржат во Златибор (Србија), Пале (Босна и Херцеговина), Делнице (Хрватска), Крушево (Македонија) и Науса (Грција). Овие натпревари претставуваат одлична можност за стекнување искуство и напредок на младите биатлонци, кои се иднината на македонскиот биатлон.

Селекторот на репрезентацијата Ѓоко Динески изрази задоволство од досегашниот тек на подготовките што се одвиваат во Банско, според него очекувањата се дека ќе се постигнат нормите во сите нивоа на ИБУ натпреварувања а посебен акцент ни е за оваа сезона постигнување на норми за светско јуниорско и светско сениорско првенство.

„Задоволен сум од тоа како течат подготовките. Програмата предвидува доволен број денови за заеднички подготовки во наредните месеци, што ќе ни овозможи квалитетно да се подготвиме и да ја оствариме поставената цел. Имаме доста млади и талентирани деца од кои очекувам да го дадат својот максимум на претстојните натпревари.

Верувам дека со напорна работа, дисциплина и посветеност ќе успееме да оствариме добри резултати и да ја претставиме Македонија во најдобро светло. Особено радува фактот што интересот за биатлонот кај младите е во пораст, што ни дава дополнителен мотив да продолжиме со развојот и популаризацијата на овој олимписки спорт“, изјави селекторот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

Дејан Јакимовски е нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Дејан Јакимовски да биде назначен за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ, на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде нов селектор на македонската репрезентација до 21 година. Таневски досега...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски ги додели државните награди 8ми Септември

По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт денеска на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!