Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Сподели
Сподели

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на погодоци, но и промена на табелата.

Ланскиот суперлигаш Радовиш забележа убедлива победа од 30:25 над штипски Текстилец УГД, со што гостинот го запиша вториот пораз во низа.

Радовишани не им дозволија на штипјани воопшто да наметнат свое темпо во играта, а прво место кај Радовиш беше штипјанецот Васе Петров со девет гола, кој ја наполни мрежата на својот поранешен клуб.

Осум погодоци имаше Иванче Ончев, а пак пет гола постигна Филип Костадинов – Бетмен. Кај тимот на Текстилец УГД најдобар беше Лазар Стојанов со осум гола.

Македонија ЃП славеше убедлива победа од 35:27 над Шампион каде Мартин Бучуковски со шест гола беше најдобар кај домашниот тим, а кај гостинот Давид Јовчевски со осум гола беше прво име.

Ланскиот суперлигаш Пролет забележа тесна победа над Јехона во Гостивар со 32:34. Виктор Трифуновски постигна 13 гола за домаќинот, но не беа доволни за позитивен резултат, кај гостинот Јован Соколоски постигна 12 гола.

Илинден го декласираше „фенерџијата“ Сокол Саса со убедливи 48:24. Никола Павловски беше прво име кај победникот со девет гола, кај гостинот од Македонска Каменица се истакна Павле Стоиловски со 11 гола.

Овче Поле стигна до триумф над Преспа со резултат од 28:24, благодарение на десетте погодоци на Филип Петровски, а кај гостинот од Ресен прв стрелец беше Благој Христовски со десет гола, а пак Томче Трајчевски имаше четири.



Вардар Неготино го декласираше Партизан со превисоки 48:24, во меч каде Костадин Петров и Наќе Ѓорѓев постигнаа по девет гола, а осум гола постигна Мартин Димов.

Кај поразениот тим Горан Лисичков беше прв со шест гола, а го следеше Стојан Наумовски со пет гола.

Скопското дерби му припадна на Драчево Јуниор кој со 23:26 беше подобар од Аеродром. Кај поразениот тим прв стрелец беше Михаил Митановски, кај победничкиот тим прв беше Теодор Пецаноски.

Во однос на табелата на врвот е Драчево Јуниор со десет гола, второто место го делат Пролет и Вардар Неготино со по девет бода, на дното без бодови е Сокол Саса.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!