ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Сподели
Сподели



Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица, кое коло донесе многу погодоци, а еден меч не се одигра.

Во Подареш немаше победник, откако Готен и Грозд од Дрвош ги поделија бодовите играјќи 1:1. Домашниот тим преку Зоран Спасов во 22. минута погоди за отварање на резултатот, а пак во вториот дел Ирфан Дестанов погоди во 52. минута за конечни 1:1 и делба на бодовите.

Банско однесе убедлива победа над Подгор КМБМ со резултат од 4:1. По осум минута игра Мартин Темелков си поднесе оставка за водство на Банско, со што домаќинот замина со гол предност по првите 45 минути.

На стартот од вториот дел гостинот израмни на 1:1 преку Филип Каменаров. Но, домашниот тим веднаш обезбеди предност од 3:1 преку Давид Клесов и Андреј Андонов.

Печат на победата стави Клесов со втор гол во 83. минута за убедлива победа.

ФОТО: Готен – Грозд

Поранешниот третолигаш Василево со 0:3 славеше над Напредок Здравје во Радово. Гостинот стигна до водство со голот на Оливер Христов кој го отвори резултатот во 15. минута, а во вториот дел Ване Митев и Мите Митров ја потврдија високата победа.

Интер Кукла доби службена победа од 3:0 од мечот со Илинден од Добрејци, бидејќи гостинскиот тим по чекање од 30 минути не се појави на теренот.

Струмешница беше убедлива против Слога од Злеово со резултат од 4:1. Домаќинот до победата дојде со двата гола на Столе Иванов и погодоците на Иван Спасов и Христијан Котев, а пак за гостинот во 45. минута гол постигна Џанер Дураков.

Единство од Пиперово ја доби голедата со Младост од Муртино славејќи со 3:5. Гостинот до победата дојде преку хет-трикот на Ристо Андонов и двата гола на Петар Томов, а пак за домаќинот Александар Костурски имаше два гола, а Иле Илиев еден гол.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Сачево славеше победа над поранешниот третолигаш Спартмани во меч со десет гола за конечни 6:4.

Александар Темелков постигна четири гола за домаќинот и беше херој на мечот за домашниот тим, Васко Глигоров постигна еден гол, а пак Христијан Делевски од гостинската екипа си постигна автогол.



За Спартмани хет-трик постигна Васил Ристов, а еден гол постигна Серхат Назифов.

Три екипи имаат максимални шест бодови за делба на првото место односно Единство, Интер Кукла и Василево со по шест бода, по четири бодови за делба на четвртото место имаат Грозд и Готен.

По три бода имаат Струмешница, Слога, Напредок Здарвје, Сачево и Банско и овие екипи се позиционира од шестото до десеттото место.

По две кола без бодови се екипите на Илинден, Младост, Подгор и Спартмани.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!