Ракомет

Благој Панов се врати во Богданци: Младост доби ново засилување меѓу стативите

Сподели
Сподели

Новиот македонски суперлигаш РК Младост 1977 продолжува активно да го комплетира ростерот за претстојната сезона, а најново засилување е повратникот Благој Панов, кој повторно ќе го брани голот на тимот од Богданци.

Младиот голман, роден во 2004 година, не е непознато име за навивачите на Младост. Панов претходно три сезони успешно го носеше дресот на клубот, оставајќи одличен впечаток со своите настапи и придонес во тимот.

По двегодишниот престој во редовите на Тиквеш, каде што настапуваше во македонската Суперлига и стекна дополнително меѓународно искуство, Панов одлучи да се врати во Богданци и повторно да биде дел од проектот на Младост.

Од клубот веруваат дека неговите квалитети, рефлекси, борбен дух и победнички карактер ќе бидат од големо значење во суперлигашките предизвици што претстојат. Панов ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција и заедно со искусниот Живојин Илиќ и Горан Паунков ќе формира силен голмански тандем во составот на Младост.

Во РК Младост 1977 не го кријат задоволството од враќањето на еден од своите поранешни играчи, потенцирајќи дека клубот продолжува да гради млад, квалитетен и перспективен тим кој ќе има долгорочни амбиции во македонскиот ракомет.

Со ангажманот на Панов, богданчани добиваат сигурност меѓу стативите и уште една причина за оптимизам пред новата сезона во елитното ракометно друштво.

Очекувањата се младиот чувар на мрежата да биде важен дел од тимот и да придонесе за нови успеси на Младост во Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Дебитантот Менада се засили со Тамара Петровска

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига, ЖФК Менада, се засили со Тамара Петровска, која доаѓа од редовите на Слободен. Се работи за 22-годишна...

Прва лигаФудбал

Башкими со нов тренер ќе бара прва победа: Шабан Сулејмани промовиран во кумановскиот прволигаш

Башкими неочекувано рано направи промена на тренерската позиција, откако по само две кола од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, клубот од...

Поврзани написи
Ракомет

Слетa во Словачка, па веднаш на терен: Сара Миновска со два погодоци за новиот клуб

Македонската ракометарка Сара Миновска имаше одлично деби за новиот клуб, откако левото...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Катар: Червар подобар од Вујовиќ

Еурофарм Пелистер со убедлива победа ги започна контролните натпревари во рамки на...

Ракомет

ЖРК Овче Поле СУ на подготовки во Претор, клубот од Свети Николе ќе цели кон Супер лига

Женскиот ракометен клуб Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе ги започна...

Ракомет

ФОТО: Амбициозниот Ѓорче Петров 2 влезе во тренажен процес со квалитетни засилувања

Суперлигашот Ѓорче Петров 2 ги започна подготовките за новата сезона со високи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!