Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Сподели
Сподели

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во Регионалната лига У16. Собирот се одржа денеска, 19 октомври, во спортската сала „Расадник“, со што официјално започнаа активностите во рамките на ЕХФ-неделата.

По собирот, младите ракометарки го одработија и првиот тренинг, а подготовките ќе продолжат во текот на неделата, во пресрет на претстојните меѓународни предизвици.

Во петок, на 23 октомври, по завршувањето на последниот тренинг, македонските кадетки ќе отпатуваат во Верија, Грција, каде што ги очекуваат два натпревари во рамките на Регионалната лига У16. Противници на нашата селекција ќе бидат репрезентациите на Турција и Грција.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 24 октомври, со почеток во 14:00 часот, против Турција. Ден подоцна, на 25 октомври, македонските ракометарки ќе се соочат со домаќинот Грција, во средба што ќе започне во 12:00 часот.



Настапот во Регионалната лига У16 ќе биде можност за младите македонски ракометарки да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да ги покажат своите квалитети и да продолжат со развојот на репрезентативно ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!