Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, Александар Ванев | Забрането превземање!
Сподели

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони, а прв предизвик ќе биде првакот на Холандија, Орион Старс.

Крушевскиот стратег кој го води македонскиот шампион вели дека пред нив е голем предизвик и историски момент, притоа рече дека ова е голема чест но и одговорност.

„Пред нас е голем предизвик и историски момент, не само за нашиот клуб, туку и за спортот во градот Штип. За првпат во историјата, еден штипски спортски колектив ќе настапи во најелитното европско клупско натпреварување – Лигата на шампионите. Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас. Нашиот противник, Орион Старс од Холандија, е квалитетна и добро организирана екипа, која доаѓа од земја со богата одбојкарска традиција. Во својот состав има холандски, словенечки, белгиски и полски одбојкари, меѓу кои и играчи со големо репрезентативно искуство. Свесни сме за квалитетот на противникот и за предизвикот што не очекува, особено поради фактот што настапуваме на гостински терен. Сепак, верувам дека ова е одлична можност да го покажеме нашиот потенцијал, квалитет и сето она на што работевме во изминатиот период. За нас ова е ново и драгоцено искуство, но и значаен чекор напред во развојот и афирмацијата на клубот. Нашата цел е да одиграме максимално ангажирано, дисциплинирано и борбено, со сериозен пристап и желба достојно да се претставиме на европската сцена. Верувам во моите играчи и очекувам да го дадат својот максимум, без разлика на квалитетот и искуството на противникот. Горди сме што имаме можност да бидеме дел од едно вакво престижно натпреварување и да ги претставуваме нашиот клуб, градот Штип и македонската одбојка. Искрено се надевам дека овој историски настап ќе биде почеток на една успешна европска приказна, но и дополнителен мотив и поттик за развојот на одбојката и спортот во нашиот град“, вели тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески.

Натпреварот меѓу Орион Старс и Штип УГД се игра денес во во „Топспортхал“ во Дутинхем од 20 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!