Екипата на Шкупи зад себе остави сезона за заборав во Првата македонска фудбалска лига, откако чаирчани испишаа низа негативни рекорди и сезоната 2025/2026 ја завршија на последното место на табелата.
Клубот од Чаир во текот на целата сезона се соочуваше со сериозни финансиски проблеми и забрани за трансфери, поради што најголемиот дел од натпреварите ги одигра со младински состав. Тешката ситуација во клубот директно се одрази и врз резултатите на теренот.
Шкупи сезоната ја заврши без ниту една победа, со само едно реми и дури 32 порази на 33 одиграни натпревари, освојувајќи само еден бод. Со тоа, чаирчани официјално станаа најслабиот тим во историјата на Првата македонска фудбалска лига, уривајќи го неславниот рекорд на Тиквеш од сезоната 2000/2001, кога кавадаречкиот тим освои три бодови.
Особено загрижувачки изгледаа бројките во дефанзивата. Шкупи прими неверојатни 130 погодоци, што е убедливо најлош одбранбен учинок во лигата. За споредба, вторите најслаби одбрани ги имаа Работнички со 58 примени голови, Македонија ЃП со 57 и Брера Струмица со 56, што доволно говори за катастрофалната сезона на чаирскиот состав.
Проблемите беа очигледни и во нападот, каде Шкупи постигна само 15 погодоци во текот на целата сезона, што дополнително ја отсликува тешката и резултатски најцрна сезона во клупската историја.
Некогашниот шампион на Македонија по само неколку години од европските настапи и борбата за титули, сега се соочува со голем предизвик и неизвесна иднина по испаѓањето во Втората македонска фудбалска лига.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...
Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...
ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...
Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...
Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...
Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...